Кошаркарите на Куманово му го нанесоа првиот пораз на Работнички сезонава, откако го совладаа со 83-82 во неизвесен натпревар од третото коло од Суперлигата.

Иако кумановци лошо го отворија натпреварот и веќе во втората четвртина имаа негатива од 16 поени, сепак, полека успеваа да ја намалуваат разликата и во последниот период стигнаа до водство од 74-71 на половина од четвртината. Потоа Работнички ја презеде иницијативата, но тоа не беше доволно за 25-та победа во низа.

Победата добива на значај и поради ослабениот состав на екипата на Куманово која вечерва настапи со седуммина кошаркари.

Кај Куманово со 27 поени најефикасен беше Марјан Јанески, а Димитар Мираковски за Работнички постигна 20 поени.

Во наредното 4-то коло од Суперлигата екипата на Куманово на гостински терен се
среќава со екипата на Блокотехна во Гевгелија.

Т.Д.