Рajaн, петгодишно дете од Мароко, во вторникот падна во бунар длабок 32 метра, а спасувачите со денови копаат дупка паралелна со бунарот за да го спасат.
Спасувачите очајнички се обидуваат да стигнат до момчето, а сега е соопштено дека дојдено е до последната фаза од операцијата. Тие работеле цела ноќ за да стигнат до детето.
Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.
Според последните информации, на спасувачите им остануваат уште помалку од два метра да стигнат до детето, но копаат со раце поради страв од одрон.
-Оваа фаза е најважна и најсложена. Речиси сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи – рече Абдесалам Макуди, еден од водачите на операцијата.
И покрај страшниот пад, снимка од камера спуштена во бунарот покажува дека момчето останало живо и свесно, иако има полесни повреди на главата.
Спасувачите му фрлиле маска со кислород, храна и вода во бунарот, а медицинска екипа е подготвена да му помогне на момчето на самото место. На местото на настанот пристигнал и хеликоптер кој откако ќе биде извлечен од бунарот, ќе го пренесе Рајан во болница.