Македонскиот филм „Исцелител“ ќе биде дел од официјалната програма на 18-тото издание на меѓународниот филмски фестивал во Калгари, Канада.
Во текот на дванаесетте фестивалски денови, на Calgary International Film Festival ќе се прикажат 178 внимателно избрани филмови од целиот свет.
Во официјалната конкуренција ќе се натпреваруваат и добитникот на Златна Палма во Кан, јапонскиот „Крадци“ на режисерот Хироказу Коре-Едана, добитникот на награда за најдобра режија на Кан, полскиот „Студена војна“ на режисерот Павел Павлинковски, добитникот на награда за најдобар филм во Нинберг, германскиот „Транзит“ на режисерот Кристијан Петзолд, добитникот на награда за најдобар филм во Гетеборг, шведскиот „Аматери“ на режисерката Габриела Пичлер и други.
„Исцелител“ ќе биде на програмата на 28-ми и на 29-ти септември.