Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од страна на две непознати лица во автобус на ЈСП број 65. До физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица кои веднаш почнале вербално да се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале.
-Синоќа во 22.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.И.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар “Никола Карев“ од страна на две непознати лица физички бил нападнат неговиот 13 годишен син- информираат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.