Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, преку социјалните мрежи се збогува од навивачите на Џенова, откако на последниот ден од зимскиот преоден рок се пресели во Парма, по седум години поминати на стадионот „Мараси“.
– Тешко е да се напуштат овие бои. Почувствував дека е време да си заминам, никој не ме натера на тоа. Дојдов до тука со страста, свесноста дека си дел од проект. Не можеш да се лажеш себеси, но ќе ви порачам секогаш ќе бидете во моето срце, мој град, мои бои, мој плоштад. Би сакал да се вратам и да се поздравам со вас како што треба, на „Мараси“, уште еднаш да ја чујам публиката. Благодарам за сите чувства кои ми ги дадовте. Џенова засекогаш – напиша Пандев на Инстаграм.