Oд 1 март годинава, „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за паркирање во Скопје, по одлуката на Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје.
Со оваа одлука, цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 сна 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.
– Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани – порача градската управа.