Буркина Фасо во четврт-финалето по серија од 18 пенали

ФУДБАЛ – КУП НА НАЦИИТЕ НА АФРИКА

Тунис – Буркина Фасо е првата четвртфинална двојка на фудбалскиот Куп на нациите на Африка што се одржува во Камерун, на 29 јануари. Тунис, победникот на Купот на нациите во 2004 година, го изненади фаворитот, трикратниот шампион Нигерија, победувајќи со 1-0. Нигерија, која беше единствената репрезентација на турнирот што победи во трите натпревари во групата, од 66-та минута имаше исклучен играч. Двете репрезентации имаа многу проблеми пред овој меч поради отсуството на повеќе фудбалери (Тунис дури седум) поради позитивните тестови на ковид-19. Буркина Фасо го победи Габон, на пенали со 7-6 (по 120 минути игра беше 1-1), и по 18 удари од белата точка.


ОСМИНАФИНАЛЕ

Тунис – Нигерија 1-0
Буркина Фасо – Габон 1-1 (7-6 п.)
Гвинеја – Гамбија синоќа
Камерун – Коморски О. синоќа
Сенегал – Зелено’ртски О. 17 ч.
Мароко – Малави 20 ч.
БСК – Египет утре, 17 ч.
Мали – Екв. Гвинеја утре, 20 ч.