Адвокатот Срѓан Алексиќ поднел три тужби до Вишиот суд во Белград во име на тројца полицајци и резервисти што биле на Косово и Метохија во 1999 година, по што се разболеле од рак. Според тужбата, тие се разболеле како резултат на бомбардирањето на Србија со осиромашен ураниум. Алексиќ во изјава за Танјуг најави дека од идниот месец ќе почне да поднесува тужби во име на цивили од Косово и Метохија и јужна Србија што исто така заболеле од оваа опасна болест.
Првата тужба беше поднесена на 19 јануари минатата година, а во средата во истиот суд беа поднесени уште две нови по истата основа. Но постапката против НАТО сè уште не е започната, бидејќи НАТО сѐ уште не ја добил тужбата и не доставил одговор на тужбата, која судот му ја препратил по преводот на англиски јазик на 25 мај 2021 година. Алексиќ се надева дека Вишиот суд во Белград во таа пригода ќе преземе мерки според Законот за граѓанска постапка и ќе се обиде да поднесе тужби до НАТО или по електронски пат или преку овластена агенција што врши испораки, јавувања преку огласна табла или назначува овластен претставник.
Судот треба да го стори тоа што е можно поскоро и да го започне процесот. Ги имаме сите докази на наша страна и се надевам дека ќе успееме во овој спор и ќе го обврземе НАТО-пактот и да им ја плати отштетата на нашите војници што се разболеле од рак поради бомбардирање со осиромашен ураниум – нагласи адвокатот.
Тој потсети дека со него во правниот тим за овие тужби бил и италијанскиот адвокат Анџело Тарталаја, кој доби 253 правосилни пресуди против италијанското министерство за одбрана во име на италијанските војници заболени од рак, бидејќи биле во мировна мисија во Косово и Метохија за време на бомбардирањето на НАТО.
Подготви: Дејан Србиновски