Во скопската населба Топанско Поле маж со нож ја нападнал сосетката. Потоа нејзината малолетна ќерка му го зела ножот и го нападнала него.
„Синоќа, додека М.С.(47) од Скопје бил во неговиот дом со семејството, дошол соседот Н.И.(46) од Скопје и започнал вербална расправија, која прераснала во меѓусебна физичка пресметка.
Малку подоцна во дворот Н.И. со остар предмет ја повредил С.Д.(46), сопруга на М.С., а нивната малолетна ќерка му го одзела остриот предмет и со него го нападнала Н.И..
Со повреди се здобиле С.Д. и Н.И., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охрдски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.