Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека неговиот состанок со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо бил „многу позитивен“.

Помпео тоа го напиша на Твитер по состанокот со Ри во ГС на ОН со коментар дека „останува уште многу работа“.

Средбата е во момент додека во тек се преговори за вториот состанок на американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. Ким минатата недела вети денуклеаризација  на самит со јужнокорејскиот претседател во Пјонгјанг.