Директорот на германскиот автомобилски гигант „Дајмлер“, Дитер Зече денеска најави дека ќе се повлече од функцијата во мај 2019 година, по 13 години на чело на компанија.
Зече ќе биде заменет од Швеѓанецот Ола Калениус, кој е негов долгогодишен соработник и ќе да биде првиот директор на „Дајмлер“ кој не е Германец.
Зече ќе остане во компанијата како директор задолжен за идниот развој на „Дајмлер“ и неговите брендови, меѓу кои најпознат е „Мерцедес“, а по две години, според најавите, ќе биде именуван за претседател на Надзорниот одбор.
Како што јави ДПА, се смета дека 65-годишниот Зече е најзаслужен за извлекување на „Дајмлер“ од финансиската криза во 2008 година, како и за модернизирањето на изгледот на возилата на „Мерцедес“, со што ги направи попривлечни за младите купувачи.
„Дајмлер“ се обидува да се реорганизира околу три главни дела – една компанија за производство на автомобили и комбиња, друга за камиони и трета за финансиски услуги.