Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР
На територија на град Скопје, полицијата вчера изрекла вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 39 санкции и 23 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Изречени се три мерки за минување на црвено светло, две мерки за некористење сигурносен појас, две мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, две мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-посочуваат од МВР.