Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ – Скопје, во изминативе два месеци го реализираше пилот-проектот „Користење на документарен филм како алатка во наставата во средното образование“ како дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во киното „Фросина“ на МКЦ на 18 декември направи и завршна проекција на долгометражниот документарен филм „Боговите од Моленбек“ (Aatos ja Amine, 2019, Белгија, 73′) во сценарио и режија Рета Хухтанен, кој во 2019та освои две награди на фестивалот „МакеДокс“, и претставување на моделот за работа. Професорите во соработка со тимот од „МакеДокс“ работеа на создавање на модел лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата. Во оваа фаза на реализација учествуваа 11 професори од средни училишта кои предаваат на македонски и албански наставен јазик.
По проекцијата следеше краток разговор за филмот и досегашните активности од проектот.
За професорите од средните училишта кои присуствуваа беа обезбедени прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и турски јазик.
Настанот се одржа според протоколите на Владата за организирање јавни настани.