Двајца затвореници починаа во Идризово, соопшти полицијата.
Едниот починал вчера напладне. Станува збор за осуденикот Ш.Ф.(76) од Охрид, кој имал здравствени проблеми, велат од МВР.
Во вториот случај, починатиот е Х.К.(44) од Република Албанија. Тој починал по полноќ, а засега не се објавени информации за причината за смртта.
Она што е познато е дека и кај двајцата, од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телата се предадени на обдукција.