Цели 8 месеци ќе трае реконструкцијата на обиколницата над Битола. Дотогаш министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски упати апел до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните знаци поставени пред влезот во Битола, а сообраќајот за Охрид ќе се пренасочува во градот.

Вкупната цена на оваа инвестицијата изнесува преку 1, 5 милиони евра.

-Оваа реконструкција е дел од вкупниот инвестицискиот циклус за подобрување на патната мрежа во државата. Сакам да најавам дека за многу скоро време ќе започнеме со рехабилитација на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, а на почетокот на следната година ќе распишеме и тендер за реконструкција на регионалниот пат од Битола до Меџитлија. Во тек се и постапки за проширување на патната делница Прилеп -Битола – истакна министерот Сугаревски, кој денеска изврши увид на изградбата на пругата кон Кременица.

Toj e задоволен како се одвиваат градежните работи и најави дека обиколницата до крајот на годината ќе биде завршена.

-Во меѓувреме потребно е да се остварат средби со грчките власти и да се разговара за техничките аспекти за пуштање во употреба- посочи Сугарески.

М.М.