На годинешното 67-мо издание на Саемот за комерцијални возила во Хановер, на новиот Цитроен Берлинго фургон му беше врачена најпосакуваната титула во секторот на лесни комерцијални возила, наградата за „Интернационаелен фургон на годината 2019“. Ова е веќе втор пат како Цитроен Берлинго фургон ја освојува оваа награда, првиот пат му беше доделена во 1997 година и оттогаш се продадени повеќе од 1,5 милиони возила.
Оваа трета генерација на Берлинго е наградена и поради неговите извонредни достигнувања во однос на удобноста и технологијата. Верен на слоганот на Ситроен „Inspired by Pro” посветен на комерцијалните и товарни возила, Берлинго фургон е идеален партнер за сите професионалци.
Берлинго фургон ја продолжува долгата историја на Ситроен во сегментот на фургони која вклучува легендарни возила како што се 2 CV Van, Acadiane и C15. Првата генерација на Берлинго се појавува во јули 1996 и целосно ги поместува границите за овој сегмент на возила во делот на карактеристиките и комфорот. Во текот на годините името Берлинго претставува синоним за репер во сегментот.
Новиот модел со афирмиран и модерен изглед се издвојува со својот уникатен изглед достапен во 2 големини. Опремен со 20 системи за помош во возењето и 4 технологии за поврзување, новото Берлинго фургон во ништо не може да им позавиди на патничките автомобили бидејќи нуди вистински комфор во возењето и оптимална сигурност.
Новиот Ситроен Берлинго фургон кој е скроен за сите намени и претставува вистински генерациски отскок во смисла на стил, опременост и модуларност, ќе биде достапен на пазарот кон крајот од 2018 година.