КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2003

Ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе за да извлечеме што е можно подобар резултат, вели младиот репрезентативец Теодор Симиќ

Македонската машка кошаркарска репрезентација, вечерва, во СЦ „Јане Сандански“ (19.30 ч.), ќе го одигра првиот натпревар од групата Г во квалификациите за Светското првенство (СП) 2023, во рамките на ноемврискиот прозорец. Жолто-црвените на овој меч ќе бидат забележливо ослабени, оти неколку играчи се жалат на повреди или се недоволно закрепнати.
– Нема предавање. Ќе бидеме максимално мотивирани и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе за да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција на Шпанија – оптимист е најмладиот кошаркар во македонскиот состав Теодор Симиќ, кој ги брани боите на шпанска Барселона.
Оптимизам во овие квалификации владее и во шпанските редови.
– Играме за да се квалификуваме на СП. Нѐ очекува тежок натпревар, но добро работиме. Македонија е помалку позната репрезентација, од која не знаеме многу играчи, но знаеме колку е тешко да се играат овие натпревари, оти сите сакаат да бидат на СП. Ние како актуелни шампиони ја знаеме одговорноста што ја повлекува овој меч. Фокусирани сме на тоа, да направиме добар резултат во овој ноемвриски циклус – изјави за тамошните медиуми шпанското репрезентативно крило и член на Гран Канарија, Ориол Паули.
По дуелот со Шпанија, в понеделник следува и втората средба против Украина, која ќе се игра во Киев. Покрај Шпанија и Украина во оваа група е уште и Грузија.