Македонија и понатаму е централна тема во бугарската политика, додека се водат преговорите за формирање на новата бугарска влада. Последната изјава во однос бугарското вето ја даде Корнелија Нинова од бугарската Социјалистичка партија, истакнувајќи за „БГНЕС“ дека ќе има многу спорни прашања во преговорите за новата владејачка коалиција.
-Тие знаат дека додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската Унија ако ја избрише историјата на Бугарија. Другото е мојот став за родовата идеологија, не се посветува доволно внимание на оваа тема, но ве предупредувам – наредните месеци ќе бидат тест за овие две теми – рече Корнелија Нинова за „БГНЕС“.
Бугарската социјалистичка партија освои 26 пратенички места на последните парламентарни избори.