Светот се соочува со нова економска криза, која ќе биде поголема од онаа пред десет години, предупредува американскиот економист Нуриел Рубини, Со него се согласни голем број колеги меѓу кои и Питер Шиф.
– Големите банки се пред голем ризик, многу поголем отколку порано. Денес сė повеќе се изложени на удар од рецесија, системските ризици се многу поголеми отколку што беа во 2008 година – изјави Шиф.
Тој додаде дека некои од тие банки требало да пропаднат пред десет години.
– Социјалниот мир што некои влади го заговараа всушност е грешка и спасени се банки на кои требаше да им се дозволи да пропаднат. За жал, од последната криза не се научени лекции. Ги повторуваме и ги прошируваме сите грешки што ја предизвикаа последната криза, и така „обезбедија“ следната криза да биде многу полоша – нагласи Шиф.
Според него, сите проблеми што ја предизвикале финансиската криза од 2008 година денес се уште поголеми.
– Се полошата монетарна и фискална политика од минатата криза гарантира дека следната ќе биде многу полоша. Кризата ќе биде слична единствено по тоа што виновниците ќе бидат и владите и што одеднаш сите ќе бидат изненадени, но ќе биде поинаква само по тоа што ќе биде многу полоша – смета Шиф.
Тој додава дека и новата криза за разлика од претходната ќе ја карактеризира пред сė, должничкото ропство во САД.
– Националниот долг ќе биде појдовна точка, епицентар на кризата, а доларот ќе се урне, цените на златото пак ќе се зголемат, ќе растат цените на потрошувачките стоки – предупредува тој економист.