Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го продолжи мандатот на мировната мисија во БиХ, со анонимното гласање што уследи откако од текстот на резолуцијата беше исфрлено спомнувањето на канцеларијата на меѓународниот претставник Кристијан Шмит, со цел да се одоброволат Русија и Кина.
Менувањето на предлог-резолуцијата со цел да не се споменува канцеларијата меѓународниот претставник се случи по извештајот на Шмит до Советот за безбедност, во кој беше наведен дека БиХ се соочува со „егзистенцијална закана“ од сепаратистичките потези на босанските Срби.
Згора, Шмит кој стапи на функцијата во август, вчера не го брифираше Советот за безбедност, што познавачите на состојбите сметаат дека е уште еден потег за да се придобијат Русија и Кина. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно го испрати неговиот извештај до 15 членови на Советот за безбедност.
Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензија, за време на расправата за резолуцијата, ги обвини претставниците на Западот за „отфрлувачки став“ кон суверенитетот на Босна.
Амбасадорката на САД, Линда Томас-Гринфелд, пак, повика на ставање крај на „вжештената реторика“ од лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, согласувајќи се со проценката на Шмит дека можното напуштање на БиХ од страна на Република Српска е опасна насока, не само за Босна, туку и за Западен Балкан.
Со изгласаната резолуција во ОН, за уште една година се продолжува мировната мисија ЕУФОР во БиХ, која брои 600 припадници.