Мислам дека не постои можност спогодбата од Преспа да не биде ратификувана, вели претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис во интервју за грчката телевизија Алфа.
Вуцис смета дека решението меѓу Македонија и Грција пред пратениците ќе дојде во февруари или во март и дека ќе има јасно мнозинство што ќе гласа за.
– Штом соседната земја ги исполни сите предуслови предвидени со договорот и доколку тие се согласни со договорот, ќе дојде до ратификација и гласање во грчкиот парламент, а нашата процена е дека овој временски период може да биде февруари, март и дека ќе постои јасна, да не го употребам зборот широка, затоа што често го употребуваме овој збор и постојат проблеми од други партии, кои велат што мислите со тоа дека ќе смениме позиција и сл., ќе постои јасно мнозинство од над 150 пратеници, а дали ќе стигне до 170 пратеници, ќе знаеме тогаш – рече Вуцис.