Доктор Борче Јовчески од денеска е нов градоначалник во Прилеп. Тој ја презеде функцијата од сегашниот негов колега доктор Илија Јованоски, веднаш откако му беше врачено уверението за избор од ОИК Прилеп.
По преземањето на функцијата Јовчески им се заблагодари на граѓаните за дадената доверба и посочи дека наредните четири години ќе биде достапен за нив, како и дека ќе реализира проекти во нивни интерес и за развој на Прилеп. Јовчески победи на изборите на 17 октомври со освоени над 21.000 гласови.
Градоначалникот Јовчески им го честиташе изборот на новите советници, а утре напладне според најавите ќе биде констиуиран новиот совет, во кој ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат 15 советници, СДСМ вкупно 10, а Левица двајца. Ка.М.