До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности во Јавното обвинителство стигнала пријава за обид за изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари.
– Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се насоки СВР Скопје да преземе мерки за проверка на наводите од пријавата, проверка на лицата на кои што им бил понуден поткупот и утврдување на можен сторител на кривично дело поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик – се наведува во соопштението.
Околу 9.35 часот, пак, во близина на влезот на гласачко место во ЈДГУ „Кочо Рацин“ на улица „Борка Талески“ на девет возила од надворешна страна на стаклата е залепена бројка од кандидат за градоначалник.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот или сторителите.