Британски војници со маскирни униформи помагаат во испораката на гориво и справувањето со акутниот недостаток на возачи на камиони, известуваат агенциите.
Паничното купување гориво поради недостаток на возачи на камиони, предизвика хаотични сцени со редици возачи во големите градови минатата недела.
Некои се бореа со тупаници околу пумпите, додека други полнеа гориво и правеа резерви во стари шишиња со вода.
– Како дополнителна претпазливост, распоредивме дополнителни возачи. Ситуацијата сега се подобрува а побарувачката се враќа на понормално ниво и се очекува работите да се средат – рече министерот за финансии Риши Сунак.
Новинарите на „Ројтерс“ изјавуваат дека виделе најмалку десетина бензински пумпи се уште затворени низ Лондон и јужна Англија. Според нивните извештаи, возачите се уште стојат во ред пред бензинските станици.
Асоцијацијата на снабдувачи со нафта соопшти дека околу 22 проценти од бензинските пумпи во Лондон и југоисток се уште немаат гориво, а извршниот директор на асоцијацијата Гордон Балмер рече дека таквата ситуација може да потрае од една недела до 10 дена за да се вратат акциите во нормала.
Британските министри постојано негираат дека кризата со горивото има врска со брегзит.