Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен за нелегално финансирање на изборната кампања во 2012 година.
Саркози (66), кој ги негираше обвинувањата, не беше на суд за време на изрекувањето на пресудата.
Тој е обвинет дека потрошил околу 22,5 милиони евра, речиси двојно од максималната законска сума, за неговата кампања за реизбор во 2012 година. Потоа загуби од социјалистот Франсоа Оланд.
Обвинителите тврдат дека Саркози знаел дека неговите трошоци, кои се строго ограничени со францускиот закон, се приближуваат до законскиот максимум. Тој е обвинет за игнорирање на две белешки од неговите сметководители кои го предупредиле дека има проблеми со финансиите.
Освен на Саркози им се судеше и на 13 други лица, меѓу кои и членови на неговата конзервативна Републиканска партија, сметководители и шефови на секторот за комуникации задолжени за организирање на собирите. Некои ги признаа прекршоците и детално опишаа што презеле за да го прикријат прекумерното трошење.