По посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји на земјава, како и по средбата со премиерто Зоран Заев, немаше ниту изјави ниту соопштение од Владата.
Вархеји и Заев само објавија на Твитер за средбата, која, како што наведоа, се одржа во Клубот на пратениците.
Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот @OliverVarhelyi, со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. pic.twitter.com/x6fHC0XSI8
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) September 29, 2021
– Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината – објави Владата изјава на Заев на Твитер.
И Вархеји се огласи на социјалната мрежа:
Happy to be back to #Skopje for a comprehensive discussion w PM @Zoran_Zaev. We agreed to quickly start implementing the first flagship projects from Economic & Investment Plan for #WesternBalkans to boost economic development&convergence of #NorthMacedonia and the region w #EU. pic.twitter.com/VsXmkATbbk
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) September 29, 2021
– Среќен сум што се вратив во Скопје на целосна дискусија со премиерот Заев. Се согласивме за брз почеток на имплементирање на проектите од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан за зајакнување на економскиот развој на Северна Македонија и регионот – напиша Вархеји.
Тој додава дека го очекува самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и дека Западниот Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, а иднината на регионот.
– Разговаравме како да постигнеме напредок во отворањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија – напиша Вархеји.