Сите 39 рудари кои од неделата беа заробени во рудник за бакар, никел и скапоцени метали во Канада се спасени и сите се во добра здравствена состојба, соопшти денеска компанијата „Вале“, која управува со рудникот.
Раководството на рудникот претходно потврди дека несреќата се случила кога рударско шинско возило излетало од шините и го блокирало тунелот, пренесува „Ројтерс“.
После тоа, вработените се засолниле во длабочините, од каде одржувале комуникација со компанијата и имле резерви од храна и вода.
Компанијата „Вале“ објави дека спасувачките екипи успеале да се пробијат до рударите на различни локации во рудникот на длабочина од 900 и 1.200 метри, пренесе агенцијата АП.