Од Амбасадата на Русија за МИА укажуваат дека твитот се однесува на веста „Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за““, објавена на 28 август, а не на минатонеделните посети на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцералите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон.
Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на #Македонија како да гласат на #референдумот. Интересно, што би било вакви “совети” да дели официјален претставник на #Русија..? https://t.co/7SgYwm1ekr
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) August 29, 2018