Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски, денеска беше на работен состанок со Антони Пешев – извршен директор на Стопанска комора на РСМ.
На средбата се дискутираше за организација на индивидуални посети на компаниите членки на комората, со цел подигнување на свеста за бенефитите од заштита на правата на индустриска сопственост. Воедно, преку овие активности компаниите ќе ја осознаат улогата на заштитата во унапредување на нивните бизниси, како и постапката за заштита, за која ДЗИС обезбедува соодветна поддршка.
Дополнително, експерти од областа на индустриска сопственост ќе објаснуваат како може да се користат електронските меѓународни бази на EPO, WIPO и EUIPO за следење на светските трендови кај иновациите и новите технологии во светот.
Посетите ќе се изведуваат во секоја компанија индивидуално и се со целосно почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, велат од ДЗИС.