Сириските власти минатата недела соопштија дека резервоар исполнет со 15.000 тони гориво истекува од термоцентралата во внатрешноста на нафтената рафинерија во Банијас. Тие рекоа дека успеале да го стават под контрола, според „Си-ен-ен“.
Сателитските снимки на „Орбитал ЕОС“ сега покажуваат дека нафтеното излевање е многу поголемо отколку што се сметаше на почетокот, зафаќајќи околу 800 квадратни метри, што претставува површина колку градот Њујорк.
Од компанијата за „Си-ен-ен“ изјавија во вторникот дека нафтената дамка била на околу седум километри од кипарскиот брег.
Премиерот на делот од северен Кипар под турска власт рече дека се преземаат сите неопходни мерки за да се спречи нанесување штета и дека добивал помош од Турција, објави „Би-би-си“.
Кипарската влада соопшти дека е подготвена да даде помош доколку се побара.