Даниел Креиг се најде на врвот на листата на магазинот „Варајати“ за највисоки плати на филмските sвезди, со неверојатни 100 милиони долари.

На новата листа се наоѓаат 17 најплатени sвезди во последно време, меѓу кои се Двејн Џонсон, Вил Смит и Дензел Вашингтон, кои заработуваат високи хонорари, додека Џенифер Лоренс и Џулија Робертс се изедначени како најплатени актерки.
Голем придонес за пораст на платите се стриминг-изданијата, во кои sвездите преговараат за поголеми авансни уплати како надомест за повеќекратната исплата врз основа на продажба на кинобилети.

Во март, „Варајати“ објави дека 53-годишниот Креиг ќе се приклучи кон мрежата на „Нетфликс“ откако стриминг-платформата ги откупи правата за втор и трет филм во серијалот „Нож во грб“, кој почна да се прикажува во 2019 година.