Во зборуваме македонски за употребата на странските зборови во нашиот јазик. И повторно ќе ви направам слика од некој можен разговор. Двајца во градски автобус… – Што, и ти почна да се возиш со градски?! – Го продадов автомобилот. – Од економски причини или од финансиски? – Чекај малку, нели твоите аспирации беа да го прошириш бизнисот. Ми зборуваше за некаква бензинска…

– Знам, ти зборував… Аспирација, тоа е странскиот збор употребен во овој дијалог. Овде најсоодветен збор е желба, имаше желба да го прошириш бизнисот. А, што се однесува до мислата украдена од задниот џеб на мојот соработник… Еве ја: Ме унапредија со… уназадување!

Убав ден почитувани!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме. Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија. Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!