Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓанин. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 доза вакцини, а втора доза примиле 305.804 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани.
Со последните бројки, 61 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.