Денеска градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска оствари
средба со раководството на Сојузот на пензионери Битола, претставувано од
претседателката Даница Петличкова и претседателот на Собранието Крсте Велевски.

На средбата беа прецизирани натамошните чекори на соработка, во насока на
подобрување на условите за нивните членови. Наскоро, со финансиска поддршка од
Општина Битола, пензионерите ќе добијат катчиња во рамките на просториите
на четири урбани заедници, каде што ќе можат да се дружат и да го исполнуваат
слободното време со различни активности.

Градоначалничката Петровска истакна дека Општина Битола и натаму преку
годишните  програми за работа ќе да јава поддршката за пензионерите, во различни
форми.

М.М.