Изработката на хартија, техниката за печатење, барутот и компасот се само некои од изумите
Зачудувачки инвентивната античка Кина зазема водечка светска позиција во различни области во изучувањето на природата, од 1 до 15 век пр. н.е. Тоа беа пронајдоци што имаа најголемо глобално значење. Изработката на хартија, техниките за печатење, барутот и компасот – четирите одлични пронајдоци на античка Кина – се значаен придонес на кинеската нација во светската цивилизација. Нешто подоцна, на ова наследство се придружуваат свилата, детекторот на земјотрес, чајот, „Хисенс“, првиот квалификуван доктор робот, дронот.
ХАРТИЈА: Хартијата ја измислиле Кинезите, заедно со хартиените пари и картите за играње. Првата хартија е настаната во 2 век пр. н.е., а производството подоцна било усовршено околу 105 година од нашата ера.
ТЕХНИКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ: Техниката на печатење дрвени блокови ја осмислија Кинезите 200 години пред почетокот на новата ера, а мобилниот тип печатач 200 години подоцна. Стотици години пред пронаоѓањето на машината за печатење на Гутенберг, Античките Кинези создадоа еден вид прототип.
КОМПАС: Кинезите го измислиле магнетниот компас за полесно да се одреди точната насока на движење. Првата цел му беше во урбанистичкото планирање, но многу брзо компасот стана многу важен за правење мапи и за навигација на бродови.
БАРУТ: Барутот бил измислен во 9 век од страна на хемичари, кои се обиделе да го пронајдат еликсирот на бесмртност. Не долго потоа, инженерите сфатиле како да се користи барутот за воени цели, како што се бомби, пушки, мини, па дури и ракети. Тие исто така измислија и огномет.
СВИЛА: Одгледувањето на свилата наводно датира од времето на легендарниот Жолт Цар, кога царицата Леизу одгледувала свилени буби. Многу векови, свилата се правела исклучиво за Кина. Свилата пронашла многу примена низ вековите, не само за облека туку и за сликање и пишување, бидејќи е мека и ја задржува бојата.
СЕИЗМОГРАФИЈА: Кина отсекогаш била зафатена од земјотреси. Некои, како големиот земјотрес од 1556 година, беа ужасни, во кој загинаа 800.000 луѓе. Затоа Чанг Хенг, кралски астроном од династијата Хан, измисли точен сеизмограф во 132 година по Христа – 1.600 години пред Западот да се развие.
ЧАЈ: Историјата на чајот датира уште од античка Кина, пред речиси 5.000 години. Според легендата, во 2732 година пр. н.е. царот Шен Нунг открил чај кога лисјата на диво дрво паднале во тенџере со врела вода. Го заинтересирал пријатниот мирис на добиениот пијалок и се напил малку. Другото е историја.
ДОКТОР РОБОТ: Сјао Ји е првиот робот што го положил испитот за да стане лекар и за тоа морал да проучи и да прочита десетици учебници по медицина, да апсорбира над два милиони медицински досиеја и да прегледа повеќе од 400.000 медицински статии за да биде во тек со најновите достигнувања во медицината. За учење, тој го искористува својот вештачки интелигентен мозок за да развие начин на расудување.
ДРОН: Првиот дрон полета од Кина пред 11 години, а денес носи голем профит. Беспилотните летала се користат професионално во мисии за спасување, земјоделство, ги користат корпорациите за пребарување мински полиња, за прскање на земјоделските култури и за проверка на гасоводи, но најчесто од филмски студија, кои инвестираат во високобуџетни филмови.