Иран ќе ги надмине новововедените мерки од САД против Техеран, санкции кои само ќе ја обединат нацијата, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
Во говорот пред Парламентот, Рохани рече дека неговата администрација ќе ги надмине економските предизвици и ќе им покаже на функционерите во Белата куќа кои се против Иран, дека санкциите нема да бидат делотворни.
– Економските проблеми се критични, но поважно од тоа е дека многу луѓе ја изгубија вербата во иднината на Исламската Република и оти се двоумат околу нејзината моќ – изјави Рохани, дополнувајќи дека Иран не се плаши од Америка, ниту од економски проблеми.
– Ќе ги надминеме проблемите – порача иранскиот претседател.