Вечерва свечено отворање на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“.
Организаторите информираат дека на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“, вечерва, 21-ви јуни, манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, којашто ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, а ќе биде со почеток во 21 часот.
Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет.
Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
Ќе се изведуваат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди, велат организаторите на Скопско лето.