Фудбалската репрезентација на Германија ја совлада Португалија со 4-2 во спектакуларен натпревар во Минхен, остварувајќи важна победа во борбата за понатамошен пласман на Европското првенство. Германија во последното коло од групата Ф ќе игра против Унгарија, додека Португалија ќе игра против Франција.
Германија денес славеше во, според многуминна, најдобриот натпревар во досегашниот тек од турнирот. Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 15-та минута, по што Германците постигнаа четири гола. Португалците Рубен Дијаш и Рафаел Гереро постигнаа автоголови во 35-та и во 39-та минута, а потоа погодија и Каи Хаверц во 51-та и Робин Госенс во 60-та минута. Дијого Жота само го ублажи поразот во 67-та минута.
Франција и Унгарија претходно ремизираа 1-1 во мечот од истата група Ф одигран во Будимпешта. Франција е водечка во групата со четири поени, пред Германија и Португалија кои имаат по три, додека Унгарија има еден бод.
На табелата во Ф-групата Франција има четири поени, Германија и Португалија по три, а Унгарија еден бод.