Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус, соопшти денеска рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Дадени се сите податоци за клиничките испитувања на „Спутник В“, GCP (добра клиничка пракса) инспекцијата е завршена и добиена е позитивна проценка од лекови (ЕМА), пренесе Тасс.
– Податоците за одложување на одобрувањето на руската вакцина од страна на ЕУ не ја одразуваат реалноста – нагласи РДИФ.
Временската рамка за добивање на одобрување на „Спутник В“ од ЕМА стана предмет на постојани шпекулации во медиумите, кои се повикуваат на анонимни извори на информации, изјави рускиот фонд, додавајќи дека овие шпекулации немаат никаква врска со реалноста и го забавуваат процесот на регистрација.
Експертизата продолжува, не се зборува за никакви одложувања, иако одлуката за времето на одобрување е надлежност на ЕМА, тимот на „Спутник В“ очекува да добие регистрација на вакцината во рок од два месеци, наведува РДИФ.