Маж кој купувал во супермаркет во американската држава Џорџија застрелал и убил касиерка која го услужувала поради расправија за маска за лице, потоа го ранил и заменик-шерифот кој работел во таа продавница надвор од службата, објавија локалните власти.
Виктор Ли Такер (30) пукал во касиерката на супермаркетот со пиштол, а потоа пукал и во заменик-шерифот кој бил надвор од должноста. Во пукотниците и двајцата биле повредени, се вели во соопштението на полицијата во Џорџија, пренесува Ројтерс.
Такер и ранетиот заменик се во стабилна состојба, а касиерката која била погодена од куршум им подлегнала на повредите на самото место.
Не се дадени детали за спорот меѓу Такер и касиерката, а полицијата изјави дека го уапсила ранетиот напаѓач додека тој се обидувал да се провлече низ влезната врата на супермаркетот.