Во пунктот на спортската сала на медицинскито училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола денеска почна масовната вакцинација во Битола.
Првиот ден за вакцинација беа пријавени 910 граѓани. Во овој пункт во Битола, како регионален, ќе се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Досега во ситемот за вакцинација за овој пункт во Битола пријавени се околу 18.000 граѓани.
Процесот на вакцинација се одвива без никакви проблеми.
М.М.