Патики на американскиот рапер Канје Вест се продадени за рекордни 1,8 милиони долари.
Патиките се купени на специјализирана платформа, соопшти денеска аукциската куќа „Сотби“, која ја организира аукцијата.
Станува збор за патики од моделот „Ер Јизи“ на „Најк“, кои американскиот рапер ги носеше на доделувањето на наградите „Греми“ во 2008 година.
Досега најскапи патики продадени на аукција беа патиките „Ер Џордан 1“, што ги носеше еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан во 1985 година, а беа продадени за 615.000 долари на аукција во август 2020 година.