Единаесетгодишник хакирал реплика од интернет-страницата за гласање на Флорида и ги сменил резултатите за десет минути, додека негова врсничка успеала да го направи истото за околу 15 минути, пренесува Еј-би-си њуз.
– Овие интернет-страници се толку лесни за хакирање што не можеме да им ја дадеме задачата на возрасни хакери – кажа Џејк Браун, поранешен посредник на Белата куќа со Одделот за национална безбедност.
Децата учествуваа на експериментот во рамките на најголемата светска конвенција на хакери „ДЕФ КОН“, одржана во Лас Вегас.
– Ова се многу веродостојни реплики на интернет-страниците. Тие не би требале да бидат едноставни за осумгодишник да ги хакира за 30 минути. Тоа е несовесно за нашето општество – порача Нико Сел, основачот на непрофитна организација за млади хакери.
Триесет и пет од вкупно 39-те деца што учествувале во експериментот успеале да пробијат во репликите на интернет-страниците за гласање во вкупно шест сојузни држави на САД, според податоците на „ДЕФ КОН“.
– Децата ги фалсификуваа бројот на гласови, имињата на партиите, на кандидатите – соопштија организаторите на конвенцијата.
Американските институции задолжени за изборниот процес издадоа соопштение по конвенцијата, порачувајќи дека репликите не се веродостојни на системите кои се користат при гласање.