Пандемијата на ковид-19 може да заврши за шест месеци според најоптимистичкото сценарио или за една година според песимистичкото, изјави заменик-директорот за клинички и аналитички работи на рускиот Централен научно-истражувачки институт за епидемиологија, Наталија Пшеничана.
Според неа, во април минатата година, научниците дадоа предвидувања засновани на математички пресметки и предупредија дека епидемијата ќе трае најмалку 18 месеци или две години, а тие предвидувања се исполнети досега, пренесуваат руските агенции.
– Според оптимистичкото сценарио, пандемијата може да трае уште шест месеци. Најпесимистичкото сценарио предвидува дека пандемијата ќе заврши за околу една година – рече Псенична.
Таа повтори дека за тоа колку ќе трае пандемијата зависи од однесувањето на луѓето, односно од почитувањето на пропишаните норми на однесување.