Во Битола во последните денови расте бројот на заболени и починати од ковид-19.
По бројот на заразени Битола се најде на самиот врв, по Скопје и Прилеп.
Денеска во Битола се регистрирани дури 57 новозаболени и 4 починати од компликации од ковид-19.
Заклучно со вчерашниот ден во Битола, на Инфективното одделение се починати вкупно 7 лица.
Во болницата во Битола моментно се хоспитализирани дури 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Иако Инфективното одделение е преполно, се уште не се пушта во употреба Модуларниот ковид-центар.
Моментно ситуацијата во Битола со ковид-19 потсетува на состојбата од ноември минатата година кога дневно имаше над 50 новозаболени и голем број починати и кога позитивните од коронавирусот поради немање на слободни болнички кревети беа враќани дома.
За таа цел во ноември минатата година почна да се гради Модуларната болница, која требаше да биде изградена за 3 недели, но и по 4 месеци се уште не е пуштена во употреба.
М.М.