Селекторот и капитен Кирил Лазаров и останатите ракометни репрезентативци го прославија големиот триумф над актуелниот светски и олимписки првак Данска од 33-29, во вечерашниот меч од квалификациите за Европското првенство в година, одигран во Скопје.
Црвено-жолтите го дочекаа крајот на мечот со насмевки, честитајќи си меѓусебно за победата, која ја прослави и раководството на Ракометната федерација на Македонија на трибините.