Во Србија од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Уредбата за енергетски загрозените купувачи, според која се поголем број потрошувачи ќе можат бесплатно да користат струја.
Со таа Уредба надлежните се обидуваат на најсиромашните граѓани да им ја олеснат процедурата за добивање бесплатни киловати, пишува „Вечерње новости“.
Долниот лимит на приходот на домаќинствата е зголемен, според кој тие ќе можат да добијат бесплатна електрична енергија, така што едночлено домаќинство ќе има бесплатни киловати доколку има месечни примања до 14.258 динари, за двајца или тројца членови лимитот е 20.600 динари, за четиричлено или петчлено домаќинство околу 27.000, а за шестчлено домаќинство и повеќе од тоа околу 34.000 динари.
Новина е што ова олеснување се однесува и за потстанарите.
Сите граѓани кои добиваат парична социјална помош и детски додаток автоматски ја користат бенефицијата за бесплатна електрична енергија.
Оваа година од буџетот се издвоени 1,05 милијарди динари за покривање на трошоците за бесплатни киловати електрична енергија за сиромашните граѓани.