Разговорот на Меган Маркл и принцот Хари со познатата телевизиска водителка Опра Винфри беше прво заедничко телевизиско интервју на парот откако тие се повлекоа од своите должности како војвода и војвотка од Сасекс и откако објавија дека чекаат второ дете, пренесуваат светските медиуми.
Во најавното видео за интервјуто, кој ќе се емитува на 7 март, се гледа дека Маркл е облечена во црн свилен фустан на „Армани“, украсен со асиметричен цветен дезен и стегнат со појас. Елегантниот изглед е надополнет со едноставни, но софистицирани салонки од еден од нејзините омилени брендови за обувки, „Акваѕура“.
Бремената Меган Маркл носеше и дијамантска нараквица „Картие“ за која се верува дека е наследство од колекцијата на принцезата Дијана, чија вредност е 17.700 фунти.