„ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE“ е тематската изложба од Александра Кокотовиќ, визуелна уметница од Србија, што e поставена во ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Пред љубителите на уметноста, авторката се претставува со дела работени во различна техника. Кокотовиќ освен како визуелна уметница се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката.
Александра Кокотовиќ е член на Друштвото на ликовни уметници на Србија и Друштвото на уметници на БиХ.. Родена во Сарајево, а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД. Димпломирала на Accademia del Lusso.
Во март минатата година ја претставуваше БиХ на големата интернационална изложба во Дубаи ART CONNECTS WOMEN 2020 „Each for Equal“, на која учествуваа преку 100 уметници од исто толку земји.
Досега има реализирано 24 самостојни изложби во реномирани институции, галерии,
музеи… и преку 40 групни во Србија, БиХ, Полска, САД, Литванија, Албанија, Бугарија,
Обединетите Арапски Емирати, Македонија… Ка.М.