Рускиот опозиционер Алексеј Навални ќе одлежи нешто повеќе од две и пол години затвор откако градскиот суд во Москва денеска ја одби неговата жалба против пресудата на првостепениот суд со која неговата претходна условна казна беше преиначена во затворска, пренесува „Тасс“ .
Агенцијата наведува дека градскиот суд во Москва денеска пресудил дека одлуката на првостепениот суд е во согласност со законот, ја отфрлил жалбата на Навални и исто така го зел предвид времето кое опозицискиот лидер го минал во куќен притвор меѓу 30 декември 2014 и 18 февруари 2015 година.
Земајќи ја предвид таквата пресуда, Навални ќе помине вкупно уште две години и шест месеци зад решетки, а ќе биде задржан во истражен затвор сè додека пресудата не стапи на сила, пренесува „Тасс“.